(Видео) Двоглав орел во зоолошката во Белград

Младенчето на двоглав орев, какво што не се излегло од 1927 година во Киргизија, е новата атракција во белградската Зоолошка градина, велат тамошните вработени.

Во снимката објавена на Јутјуб, многумина од нив биле изненадени и со насмевка прераскажуваат како дошло до ваквиот феномен, каква била нивната реакција кога за прв пат го виделе, но и покажуваат кои се родителите на оваа необична приказна.

Се делува така шашаво, како да зад оваа приказна следи едно големо „Априлилили!“.

„Првите денови имавме стравови дали ќе преживее, поради тоа што главите беа премногу тешки и не можеше да се исправи. Сега малото орелче зајакна и имаме други стравови, да не се случи едното со главата го клука другото и самото себе да се убие“, вели раководителката на секторот за нега на птици грабливци во белградската зоолошка, која е првата која го видела двоглавиот орел.

Вработените на радозналите љубители на животни, им објаснуваат дека снимката на ова бебе не можат да ја видат сега, затоа што им е ветено на „Enimal planet“, дека тие ќе бидат првите кои ќе ја имаат таа чест.

Сепак сликата од белата птица со две глави може да се види на Фејсбук групата „Prijateli Beo zoo vrta“, на која ја постирал Зоран Рајиќ, надзорникот во Зоолошката градина.

Фотографијата може да ја погледнете на слениот линк:

Scroll to Top