(Видео) Двоглаво теле се роди во битолското село Лажец

На 16 април во Македонија, во битолското село Лажец, е родено двоглаво теле. Тоа има ретка состојба наречена полицефалија. Има сплотени черепи, два пара очи, две усти и еден пар уши.

Некои ветеринари велат дека случаи на полицефалија се ретки, а телето има само мали шанси за преживување.

„Рано наутро, слушнавме дека кравата е пред породување. Кога се породи, видовме дека телето е со две глави. Веднаш го повикавме ветеринарот, тој дојде и рече дека тоа е многу природен феномен. Телето функционира нормално. Јас ќе го чувам сè додека е живо, без оглед колку ќе трае тоа. Ние ќе сториме сè за да го обезбедиме ова“, изјавил земјоделецот Васко Петровски.

Двоглавото теле стекна светска слава благодарение на приказната на новинската агенција Ројтерс.

Scroll to Top