Милијардерот Илон Маск во една пригода открил како ги фаќа во лага кандидатите што му доаѓаат на интервју за работа. Методот е едноставен.
„Зборувајте ми за некоја работа или проблем што ви било тешко да го решите“, е задачата што Маск им ја поставува на секој од кандидатите за време на интервјуата со нив.
„Луѓето што навистина го решиле проблемот знаат како точно да го решат“, изјавил Маск.
Тој на самитот World Goverment во 2017 година вели дека тие кандидати го опишуваат проблемот до најситни детали.
Неговиот метод се потпира на идејата дека на некој што дава лажно тврдење му недостига способност за тоа потоа го поткрепи со убедливи докази. Затоа, тој сака да ги слуша кандидатите како зборуваат за проблемите чекор по чекор.
А потоа сака да слушне како тие работеле на решавање на проблемот.
Студија објавена во магазинот Journal of Applied Research im Memoru and Cognition покажува неколку пристапи на откривање на лажговците и тоа преку техниката на разговор за работата.
Една од таквите техники е асиметрично управување со информации и е осмислена како на испитаниците да им се овозможуви средства и начини за тие да може потоа да ја докажат својата невиност или вина со помош на давање детаљни информации.
Малите детали се клучот за истражителите во форензичката истрага. Тие даваат детаљни информации за проверка на проблемот. Вистината може да дојде и преку сведоците што се испитуваат, велат авторите на студијата.
Студијата покажала дека оние што ја говорат вистината обично сакаат да ја покажат својата невиност, така што даваат детаљни информации како одговор.