Најпознатата деловна зграда во светот, Емпајер стејт билдинг го слави 90-годишниот јубилеј. Една од најпрепознатливите градби во Њујорк со 102 ката е едно од најпопуларните градски обележја, кое годишно го посетуваат околу четири милиони луѓе.
Емпајер стејт билдинг е отворен на 1 мај 1931 година, со симболично притискање на копче и палење светла од страна на американскиот претседател Херберт Хувер. Специјалното осветлување остана посебна атракција до ден-денес. Различни комбинации на бои се менуваат за да означат различни настани. Светлата беа исклучени околу една година помеѓу 1973 и 1974 година, како резултат на енергетската криза.
Изградбата траела само нешто подолго од една година, што за многумина е неверојатно, бидејќи станува збор за зграда висока 381 метар, тогаш највисока во светот. Емпајер стејт зградата стана уште повисока во 1950 година поради инсталираната антена. Покривот на зградата се наоѓа на висина од 380 метри, а вкупната висина со антената е 443,2 метри.
Happy Birthday to the Empire State Building 🥳💕 Ninety years ago, on May 1, 1931, the @empirestatebldg was formally opened to the public 🎂 Birthday Lighting: ESB’s world-famous tower lights will sparkle in white with a special “90” illuminated in the mast throughout the night. pic.twitter.com/irfXo1gPll
— New York Mickey (@MickmickNYC) May 1, 2021