Турција доби нов и најголем аеродром во светот. Импресивното издание што го отвори турскиот претседателот, Реџеп Таип Ердоган, има големина на помал град.
Овој огромен комплекс од стакло и челик се наоѓа во близина на Истанбул. На аеродромот се поставени 22 000 безбедносни камери, се простира на 53 000 квадратни метри, што претставува најголем простор на светот, а системот за багаж е долг 42 километри. Во аеродромот вработени се 225 000 работници.
Многумина верувале дека најголемиот аеродром на светот го носи име по турскиот претседател, но Ердоган одлучил овој амбициозен проект изграден врз рудниците со јаглен да биде наречен по турското најдрагоцено богатство Истанбул.
„Истанбул не е само нашиот најголем град, тој е и нашиот најважен бренд. Тоа е прекрасно богатство меѓу две мориња. Можеме да го споредиме со сонцето на оваа земја“, изјавил Ердоган на отворањето на аеродромот.
Ова ново богатство во почетната фаза требало да прифати 90 милиони патници, а во текот на десетте години се очекува оваа бројка да се зголеми на 200 милиони. Тоа е речиси двојно повеќе од прометот од моментално најпрометниот аеродром на светот во Атланта. На изградбата на ова турско чудо работеле 36 000 работници, кои со градбата почнале во 2015 година.
Конзорциумот Istanbul grand erport ќе управува со аеродромот во наредните 25 години. Датумот не е случајно одбран, затоа што 29 октомври е 95-годишнината од турската независност.
Тоа беше и вистинско симболично отворање, а аеродромот оваа недела нема да има многу работа, туку само неколку летови со кои ќе се поврзат локалните дестинации, Анкара, Анталија и Измир.
Авионите ќе летаат и до Баку и северен Кипар. До крајот на годината би требало да го замени истанбулскиот Ататурк, меѓународниот аеродром кој беше отворен пред 65 години.
Ердоган најавил дека стариот аеродом ќе остане отворен за некомерцијални летови и слични активности, а еден дел ќе бил претворен и во парк. Во историјата на Турција овој аеродром ќе остане запишан и како најскап проект, во кој се потрошени 11 милијарди долари. Ердоган, поранешниот градоначалник на Истанбул, себеси се доживува како голем градител, пишува The Independent.
Во текот на владеењето изградени се низа проекти. Неколку универзитети, џамии, мостови, тунели, болници и железнички пруги.
Минатата недела го отвори и проширеното истанбулско метро. И додека некои го славеле отворањето на аеродромот, дурги го критикувале поради последиците кои ваквото градежно здание ќе ги остави на животната средина и финансискиот ремен што земјата си го става себеси околу вратот. Опозицијата го критикувала и за затворањето на Ататурк, 15. најпрометен аеродром на светот.