(Видео) Франки Запата првиот човек кој го прелета Ламанш

Французинот Франки Запата денес со „летечки борд“ flying board, го прелета Ламанш. Запата полетал од местото Сангат на северот на Франција и успеал за помалку од 20 минути да го прелета каналот.

Запата по краткото слетување на бродот, за дополнително дотури керозин во резервоарот на леталото, пристигнал до англискиот брег Сент Маргарет. Запата поминал околу 35 километри, а летал од 15 до 20 метри над водата.

„Целата работа мина одлично. И покрај тоа што беше комплицирано поради краткото слетување, успеав да ја видам Англија како и се приближувам. Не мислев на болката во нозете. А ме болеа многу“, изјави Запата по слетувањето и додал дека летал со брзина од 160 до 170 километри на час.

Запата некогаш светски шампион на воден скутер, во првиот обид паднал во морето. Требало да се спушти на бродот и да го наполни својот резервоар на леталото со гориво по само 20 километри летање.

За овој обид морал да направи нова, прилагодена верзија на летечки борд. Оваа направа ја продава неговата компанија за водени спортови. Се полни со керозин од ранецот кој го носи на грбот.

Стапалата му се прицврстени на леталото. Запата на 14. јули за време на парадата по повод францускиот национален празник, Денот на падот на Бастија, со летечкиот борд прелетал неколку десетина метри над Елисејските полиња во Париз.

 

Scroll to Top