Полицијата во Франција го растури карневалот „Ла Плен“ во Марсеј откога на улиците на градот излегоа неколку илјади луѓе, кои пееја и парадираа маскирани, но повеќето беа без заштитни маски.
Популарниот карневал се организира секоја година, но лани беше откажан поради пандемијата. И годинава властите немаа издадено дозвола за негово одржување, а народот се собра самоиницијативно, пишуваат француските медиуми.
„Ни одобрение од префектурата, ни маски ни физичка дистанца. Тотална неодговорност на учесниците на карневалот ‘Ла Плен’ во Марсеј среде здравствена криза“, објави полицијата задолжена на регионот во и околу градот.
Une foule de milliers de personnes bravent l'interdiction à #Marseille pour célèbrer le Carnaval. pic.twitter.com/HmMMxc7tAB
— Anonyme Citoyen (@AnonymeCitoyen) March 21, 2021
Полицијата не успеа да ја растера толпата, па на крајот употреби солзавец за да ги избрка луѓето од улиците. Иако нема информации за уапсени лица, голем број учесници на настанот добиле казна од 135 евра поради кршење на мерките за превенција од ширење на коронавирусот, поради недржење дистанца и бидејќи не носеле заштитна маска.
Короната во Франција повторно се шири забрзано, а повеќе региони во земјата, вклучително и Париз, неодамна беа ставени под четиринеделно целосно затворање поради третиот бран на инфекција. Во затворените градови не е Марсеј.
Est-il normal en démocratie qu’autant de policiers interviennent avec autant de violence pour disperser un #carnaval ?#LaPlaine #Marseille pic.twitter.com/WP54Oxz7Br
— Marcel (@realmarcel1) March 21, 2021