(Видео) Француски научници открија коска од диносаурус тешка еден тон

Неколку научниците открија бутна коска од диносаурус, тешка еден тон. Бутната коска долга два метра е најдена во местото Ангеак на југот на Франција. Се претпоставува дека станува збор за диносаурусот сауропод, карактеристичен по долгиот врат и опашка.

Овој вид на диносауруси се смета за нејголеми што постоеле. Палеонтолозите велат дека се зачудени од зачуваноста на коската, на која се гледа дури и местото на спојување на мускулите.

„Гледаме каде биле мускулите и тетивите. Гледаме лузни. Ова е реткост. Обично големите парчиња коска се кршат поради својата тежина и се распаѓаат“, рекол Ронан Алан од Националниот природнонаучен музеј во Париз.

Сауроподите кои живееле пред 140 милиони години биле тешки меѓу 40 и 50 тони и биле тревопасни животни.

Scroll to Top