(Видео) Го срушија рекордот, засадија 350 милиони стебла за еден ден

Етиопјаните го сршија светскиот рекорд во садење дрва. Тие за еден ден засадија повеќе од 350 милиони стебла. Проектот за масовно садување дрва, го предводеше премиерот Абиј Ахмед.

Тој вели дека има за цел ја обнови земјата со дрва, која претходно често била погодена од суши. Јавните канцеларии биле затворени и сите службеници учествувале во акцијата, која се одржала на 1000 места ширум Етиопија.

Според податоците на Обединетите нации, површината со шуми во Етиопија е намалена за 35% од вкупната земјена површина на почетокот на 20 век.

Конечната цел е засадување на четири милијарди стебла. Ширум земјата со денови се емитувани снимки со повици до населението да засадат дрво и да се грижат за него.

Светскиот рекорд во садење на дрва во еден ден, досега го имаше Индија, каде 800.000 волонтери засадиле повеќе од 50 милиони стебла во 2016 година.

Scroll to Top