(Видео) Градот полн, а нигде жива душа: Луѓето исплашени од коронавирусот

Сателитските фотографии од кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, ги покажуваат улиците на кои речиси  нема луѓе и автомобили, што е драматична илустрација на успехот на локалните власти во напорите да ги убедат жителите да останат во своите домови.

Властите целосно го затвориле градот, кој е транспортно место во централниот дел на Кина во ова време од годината, кога во тек се празниците по повод прославата на Кинеската нова година и кога милиони вработени Кинези патуваат во своите домови да се видат со семејствата, пренесува „Ројтерс“.

Фотографиите направени на 28 јануари покажуваат целосно пусти автопатиша на мостовите преку реката Јанце, додека фотографиите направени од 12 јануари се гледа налет на автомобили во вид на бели правоаголници како навираат преку сообраќајните артерии.

Подоцна фотографиите откриваат и отсуство на паркирани возила во околните улици, па дури и бродови на кои претходно можело да се види кафеава површина на вода.

Слично е и на фотографијата направена на 28 јануари, на која се гледа железничка станица, но без возови и автомобили за да укаже на човечка активност, иако значајните делови на сликата се сокриени од белите облаци.

Вухан, кој лежи на брегот на реката Јангце, низ историјата бил на удар на катастрофални поплави. Градот во кој живеат 11 милиони жители се простира на 8500 квадратни километри и вклучува рурални области, како и урбана зона.

Scroll to Top