(Видео) Група средношколци спасиле девојка која сакала да скокне од мост

Група средношколци кои се движеле низ мостот во градот Кропоткин во Краснодарската област, пред неколку дена и го спасија животот на седумнаесетгодишна девојка, која сакала да скокне и да се фрли во реката.

Еден од средношколците успеал да ја фати за нога и да ја задржи девојката, која веќе била качена на оградата. Другите за брзо стигнале да му помогнат и да ја тргнат од оградата.

Надлежните се сомневаат дека овој случај е поврзан со предизвикот да се изврши масовно самоубиство, кој се шири на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија.

Девојчето по инцидентот завршило во болницата, а во моментов надлежните истражуваат зошто сакала да скокне од мостот.

Scroll to Top