(Видео) Хеликоптер со невестата во него се сруши среде свадба

Хелекоптерот со невестата што леташе на сопствената свадба се сруши и се запали во сојузната бразилска држава Сао Пауло, објави во неделата телевизискиот канал Globo TV.

За голема среќа и чудо, невеста не настрадала, но истовремено три лица што ја придружувале биле сериозно повредени. Сепак, и покрај инцидентот, свадбата не била откажана.
Еден од очевидците изјавил дека хеликоптерот се затресол во воздухот и паднал на земјата непосредно пред слетувањето. Невестата и пилотот успеале да излезат и да избагаат од хеликоптерот.

Пожарникарите, кои пристигнале на местото на несреќата многу бргу, успеале да ги извлечат од леталото и преостанатите тројца патници. Потоа хеликоптерот за запалил, но исто така пожарот бргу бил изгаснат.

Scroll to Top