(Видео) И Австралија го доби својот Џорџ Флојд

Момче од Нов Јужен Велс било уапсено во Австралија на сличен начин како и Афроамериканецот Џорџ Флојд во Америка. Полицаецот, кој имал ограничени овластувања, сега е ставен под истрага, откако на социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како го соборува тинејџерот за време на апсењето.

Еден од роднините на уапсениот изјавил дека полицијата немала никаква основа да го уапси момчето, кое живеело неполни 100 метри од местото на настанот. На снимката се слуша како полицаецот разговара со група тинејџери во паркот. Тој им рекол да ги отворат своите уши и да му кажат ако дознаат дека се случува нешто сомнително.

Некој од групата му одговорил дека не мора да прави ништо што ќе му каже. Тогаш полицаецот почнал со апсење. Со ногата го легнал тинејџерот на земја, а рацете му ги ставил на грбот. Во тој момент, момчето со главата удрило во една од циглите на земјата. На снимката се слуша како вика, а некој од групата негодува на целиот процес.

Роднината на момчето изјавил дека тоа било веднаш пренесено во полициска станица, пред да биде однесено во болница. Момчето се здобило со модринки на рамената, исеченици на коленото, лицето и лактот. Оштетени му биле и забите, но, за среќа, немал ништо скршено, пренесува „РТС“.

„Околу пет часот попладне полицијата патролирала низ паркот во Сари хилс. Таму разговарале со групата тинејџери. Седмнаесетгодишното момче наводно им се заканило на полицајците, пред да биде уапсено и однесено во полициската станица“, навела полицијата во своето соопштение.

Во Австралија се стравува дека овој случај би можел да ескалира како што тоа се случи во САД, по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Пратеник од редовите на „зелените“, Дејвид Шубриџ, изјавил дека полицијата никогаш не постапила на таков начин кон тинејџер.

И пратеникот Дејв Шарм навел дека му е мака од ваквите настани и дека со голем интерес го исчекува продолжението од истрагата.

Помошникот на комесарот Мик Вилинг изјавил дека исто колку што го интересира тоа што го покажува снимката, загрижен е и истата да не се искористи за да се запали јавноста и ситуацијата да ескалира во повеќе од тоа што навистина е.

Scroll to Top