(Видео) Илон Маск ги испрати првите цивили во вселената

Од компанијата на Илон Маск, SpaceX, утринава во два часот по локално време ги испратија првите цивили во вселената. Тие полетаа со ракетата Falcon 9 со вселенска капсула Crew Dragon од американскиот космодром „Кејп канаверал“ во Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Сите четворица вселенски туристи три дена ќе престојуваат во вселената, во највисокиот дел од Земјината орбита. Во вселената ќе патуваат американскиот милијардер Џеред Ајзекмен, наставничката Сијан Проктор, Хејли Арсено, жена излечекувана од рак, и инженерот Крис Семброски.

Точната сума што била потребна за да се изведе овој лет засега не е позната, но се претпоставува дека станува збор за десетици милиони долари. Од компанијата имаат цел да истражуваат на 575 километри над Земјата, повисоко и од Меѓународната вселенска станица.

SpaceX досега повеќепати превезува астронаути на МВС за американската вселенска агенција, НАСА, но ова е прв лет на SpaceX со цивили. Компанијата на Илон Маск со ова влегува во борбата за својот дел од колачот наречен вселенски туризам.

Scroll to Top