(Видео) Изгоре новогодишната елка на Менхетн во Њујорк

Њујоршката полиција уапси бездомник кој запали голема новогодишна елка пред деловна зграда на Менхетен, во која се сместени канцелариите на „Фокс њуз“, „Њујорк пост“ и „Волстрит журнал“. Новогодишната елка содржела 10.000 стаклени украси, 100.000 светилки, а биле потребни 21 час за да се заврши нејзината декорација.

Обезбедувањето на „Фокс њуз“ нешто по полноќ видело маж како се качува на новогодишна елка висока 15 метри, соопшти полицијата. Украсеното вештачко дрво набрзо пламнало, па за брзо дошле пожарникари за да го изгасат пожарот. Никој не е повреден, а полицијата уапсила 49-годишен маж, бездомник, кој откако ја запалил елката се обидел да избега. Тој подоцна бил обвинет и за неколку кривични дела.

Scroll to Top