(Видео) Изгуби 100.000 евра во квизот, а точниот одговор му го пишувало на маицата

Шпанецот Алберто засекогаш ќе го памети моментот кога му беше поставено прашањето „Кој е Стив Роџерс во филмот ‘Одмаздници’“, кое му беше поставено во квизот „Ахора Цаиго“.

Точниот одговор можел да му донесе 100.000 евра, а во јавноста се крена прашина поради една работа. На маицата му го пишувало точниот одговор на поставеното прашање.

Меѓу трите понудени одговори биле:

Доктор, господин или капетан.

Момчето не го знаел точниот одговор, иако му бил напишан на маицата и којзнае колку пати гледал во него.

На маицата му пишувало: „Стив Роџерс, капетан на Америка“.

Гледајте го видеото:

 

Scroll to Top