(Видео) Израелката Нета се искрши по скали по настапот на Евровизија

Израелската евровизиска преставничка Нета, по настапот во првото полуфинале на музичкото натпреварување, падна по скалите зад сцената на Евровизија. Камерите што ги следат сите изведувачи го снимија моментот во кој таа паѓа, а видеото веднаш беше објавено на социјалните мрежи.

„Би требало да ги осветлат скалите, срамота“, стои во еден од коментарите покрај видеото.

За среќа, таа не се повреди при падот.

Нета се пласираше во финалето на Евровизија што ќе се одржи в недела во арената „Алтис“ во Лисабон. Таа ја пее песната Тoy, специфична по битбоксот и кокодакањето на 25-годишната пејачка. Нета годинава е еден од фаворитите за победа на Евровизија.

Scroll to Top