Израелските одбранбени сили (IDF) објавиле во четвртокот нова снимка на која се гледа уништување на сириските противвоздушните батерии на системот „панцир С1“.
„IDF погоди десетина ирански воени цели во Сирија како одговор на иранскиот ракетен напад на Израел, а зад нападот стојат иранските сили. IDF e подготвен за различни сценарија, но не сака ситуацијата да ескалира“, стои во објавата на Израелските воздушни сили на „Твитер“.
Снимката ја направила камерата поставена на израелскиот проектил кој цели кон она што IDF тврди дека е хибридна противавионска батерија „панцир С1“ и лансер-ракета земја-воздух со среден дострел.
Watch: An IAF attack on a Syrian SA-22 battery after it attempted firing at IAF aircraft pic.twitter.com/yv84W3YXZ8
— Israeli Air Force (@IAFsite) 10 May 2018
Во една од најголемите израелски воени операции во изминатите децении, IDF погодила 50 ирански цели во Сирија во четвртокот утрото.
За време на операцијата израелските пилоти биле изложени на жестоки противавионски оган, но успеале да уништат пет SA22 батерии.