Јапонците дизајнирале врата за тоалетите во авионите што се отвора со лакт со цел да се заштитат од коронавирусот. Тоалетите во авионите се места каде што патниците најмалку сакаат да се задржуваат, особено сега кога трае пандемијата.
Оттука јапонската авиокомпанија All Nippon Airways дизајнирала врата што се отвора со лакт. Би-би-си пренесува дека јапонската авиокомпанија ANA во моментов работи на собирање повратни информации, а потоа ќе одлучи дали наведениот систем ќе го имплементира.
Од компанијата изјавиле дека дизајнот е во тек и дека е во фаза на тестирање, а кваката што може да се отвори со лакт првпат е тестирана на аеродромот „Ханеда“ во средината на јуни.
Тоа се две различни компоненти на механизми за заклучување и се работени заедно со авиокомпанијата Jamco. Првата вклучува лизачка брава, која на корисниците им овозможува заклучување или отклучувања од внатре.
Втората им овозможува да ја отворат вратата за да можат да излезат. Од авиокомпанијата исто така потврдиле дека некои нивни авиони се опремени и со чешми на сензор.
На почетокот ја истражувале можноста вратите да се отвораат со стапалата, но тоа одлучиле да го укинат, поради безбедносни причини, како што е турбуленцијата поради која патниците често ја губат рамнотежата.
Компанијата за авионска техника Haeco Americas во моментов развива и начин на отворање на вратата на тоалетите со помош на сензори.