(Видео) Јутјубер обвинет дека намерно срушил авион за поголем број кликови

Поранешниот олимписки сноубордер и јутјубер Тревор Џејкоб, е обвинет дека намерно го срушил својот авион да за има што поголем број на прегледи на „Јутјуб“. Истрагата ја отвориле од американската Сојузна управа за воздухопловство „ФАА“.

Истрагата била веднаш отворена откако Тревор ја објавил снимката на „Јутјуб“. Голем број од неговите фанови го критикувале велејќи дека авионот не почнал да паѓа сам од себе и дека Џејкоб намерно скокнал од него и снимал додека паѓа за повеќе кликови.

Џејкоб се пуштил на едно брдо во Националната шума Лос Падрес во близина на Кујама во Калифорнија. Тој наводно требало да лета од Санта Барбара до Мамот Лејкс.

Таму сакал да лета со параглајдер и да скиа на сноуборд. Сакал и за време на летот да ја истури пепелта на еден негов пријател, кој загинал само неколку дена претходно. Но, Џејкоб намерно го саботирал летот, го спуштил носот на леталото и намерно го срушил на земја.

Снимката откако ја објавил на „Јутјуб“ предизвика големо внимание, а оние кои се разбираат во воздухопловство и го нападнаа. Џејкоб за кратко време имал повеќе од 5000 коментари, кои од социјалните мрежи биле избришани поради нивната содржина.

Од тогаш луѓето почнале да прават сопствени снимки со кои укажувале на неправилностите на оригиналната снимка на Џејкоб, која му донела повеќе од 1.140.000 илјади прегледи за помалку од месец дена.

По големата прашина која се кренела во јавноста, во целиот инцидент се вклучила и американската Сојузна управа за воздухопловство, која покренала истрага.

Познато е дека ФАА е темелна кога се во прашање ваквите истраги и често ѝ треба повеќе од една година за да го направи комплетниот извештај. Сега останува да се види дали Џејкоб ќе биде кривично гонет за несреќата или само ќе му биде одземена пилотската дозвола, доколку се утврди дека намерно го срушил авионот.

 

 

Scroll to Top