Ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, Јелисавета Владимировна Кривоногих, позната и како Луиза Розова, 18. роденден го прослави во дискотека во Москва, пренесува британски „Сан“.
Западните медиуми пишуваат дека Луиза е вонбрачна ќерка на Путин, нешто што Кремљ досега никогаш не го признал. Таа објави фотографии од забавата на социјалнтие мрежи како се забавува во друштво со алкохол и гласна музика. Таа била и главен диџеј на забавата.
Медимите пишуваат дека забавата се случила во екот на пандемијата и покрај препораките на властите да се избегнува метеж и дека Луиза си дозволила да се забавува, само затоа што е ќерка на Путин.