Две кинески девојки вработени како воспитувачки во градинка во кинески кварт во Италија се уапсени од тамошните полициски служби откако биле откриени дека ги удирале и тепале децата во групата.
Двете девојки биле снимени од безбедносни камери како ги малтретираат децата и им нанесувале повреди. Камерите во просториите ги инсталирале полициските служби од Тоскана по дојава на некои од родителите.
Зенк Моли (38) и Хонг Пингпинг (26) ги малтретирале децата на возраст од три до шест години.
Постарата воспитувачка, која дипломата ја стекнала во Кина, се бранела тврдејќи дека таквите воспитвачки методи се нормални во нејзината држава и дека никој не ѝ рекол дека не смее да ги удира децата со стап.
Таа вели дека стапот го користела за да го првилече нивното внимание. Двете воспитувачки работеле во градинка во кинески кварт во градот Прато.
Девојките биле уапсени на 31 јануари, а под истрага е уште една трета воспитувачка. Жртвите, кои ги имало повеќе од десетина, исто така биле кинески деца, а истрагата била покрената во декември.