Колумбиската глумица, Дана Гарсија, која пред околу два месеца дозна дека е заразена со ковид-19, вчера првпат го виде својот син. Иако оздраве две недели по откривањето на короната, болеста за кратко време ѝ се поврати, па таа се лекуваше во изолација од семејството.
Ѕвездата на сериите „Скриени страсти“, „Убавата Лола“ и „Научи ме да сакам“ го сними моментот кога по два месеца првпат се гледа со синот, а видеото го објави на социјалните мрежи.
„Среќни сме што си повторно здрава и што конечно го виде своето малечко“, ѝ порачаа фановите.