(ВИДЕО) Контролори во автобус претепаа дете затоа што немало билет

Контролори во автобус во Србија нападнале патник кој немал билет. Според коментарите на социјалните мрежи, момчето било малолетно и се враќало од училиште, а контролорите ги пречекориле овластувањата. Едниот од нив го стиснал и турнал момчето во обид да го собори, додека другиот ги спречувал луѓето да ги раздвојат. Двајцата контролори го извадиле надвор и го тепале.

По здобиените удари, момчето се згрчило и се обидувало да избега и да се извлече, но се онесвестило.

Претходно од компанијата ,,Алекс” известија дека при инцидент во автобус , повредени се двајца контролори.Едниот се здобил со скршени прсти, а другиот бил удрен во окото.

По објавувањето на видеата на социјалните мрежи од компанијата известиле дека контролорот е суспендиран сè додека не се расчисти случајот.

Scroll to Top