Копилотот во еден авион буквално висел на 9.700 метри надморска височина кога еден од прозорците во кабината изненадувачки се скршил.
Пилотот на компанијата „Сичуан ерлајнс“ успеал безбедно да го приземји авионот и покрај екстремните услови и ниската температура на која бил изложен. Освен копилотот и уште еден член на екипажот, кои добиле помали повреди, никој од 119-те патници не бил повреден.
05/14 Sichuan Airline to Tibet Cockpit windshield entirely gone at 1km height, captain emergency landed Airbus A319 with wind speed 800km/hour, -40c degree, in shirt pic.twitter.com/8pAmyQncDn
— ChinaStreetTalk (@ChinaStreetTalk) 15 May 2018
Авионот летал од кинескиот град Чонгкинг до Ласа на Тибет кога предното стакло изненадувачки пукнало.
Лиу Чуанџан, пилотот што успеал да го спушти авионот безбедно на земја, рекол дека немало никаков знак на предупредување пред незгодата.
„Немаше никаков знак. Одеднаш ветробранското стакло пукна и се слушна гласен татнеж. Следно што видов е дека мојот копилот до половината виси низ прозорецот“, изјавил тој.
Тој додал дека во настанатите услови не можел да слушне што се работело.
„Сѐ што било во кокпитот почнало да лета наоколу, а поголемиот дел од опремата прекинала да работи. Авионот толку се тресеше што не успеав да ги прочитам мерачите.
Екипажот во авионот успеал да го извлече копилотот и да го врати назад во кабината, така што тој минал со помали повреди. Во тие моменти бил повреден уште еден член на екипажот, кој исто така добил полесни повреди, а сите други патници неповредени го напуштиле авионот по слетувањето.
„Ербас“, кој ја повел истрагата заедно со локалните официјални лица, продал околу 15.000 авиони „А 319“ во светот.