(Видео) Кралот на Малезија заради секс-снимка се разведе од 23 години помладата сопруга

Поранешниот крал на Малезија, Мухамед Петти од Келантан, кој се откажа од престолот заради сопругата Оксана Воеводина, се разведе од неа само неколку недели откако таа го роди нивното прво дете. Причината за разводот на некогашниот крал и поранешната руска мис, била снимка направена пред неколку години, на која се гледа како Оксана има секс во базен. Снимката неодамна се појави во телевизиска емисија во Русија, по што тој ја прекинал врската.

Двојката се венча на тајна церемонија на 7 јуни 2018 година. Заради 23-годишната разлика во години тие долго ја криеја врската, се додека не направија раскошна венчавка лани во ноември во голема концертна сала во Москва. Брзо потоа рускиот весник „Стархит“ почна да пишува дека 50-годишниот Мухамет и 27-годишната ѕвезда на реално шоу, постојано се расправаат и дека ќе се разведат.

Таткото на Оксана за медиумите ги негирал овие информации, велејќи дека тој не користи интернет, но ако зборувањата за разводот се вистина, тој ќе знаел прв.

Scroll to Top