(Видео) Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс првпат заедно на филм

Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс го завршија снимањето на нивниот прв заеднички филм Don’t Look Up. Филмот ќе се прикажува на „Нетфликс“ од 24 декември, а стриминг-платформата го објави трејлерот за оваа црна комедија со научнофантастични елементи.

Во филмот ќе се појават и многу други холивудски ѕвезди: Мерил Стрип, Тимоти Шалеј, Џон Хил, Кејт Бланшет, Тајлер Пери и Аријана Гранде. Филмот го режира Адам Мекеј.

Во филмот Лоренс ја глуми Кејт Дибијаски, студентка по астрономија, која заедно со својот професор д-р Рендал Минди (Ди Каприо) открива дека голема комета орбитира во Сончевиот систем. Според нивните пресметки, кометата речиси сигурно ќе падне на Земјата, но никој не е вознемирен поради тоа. Затоа, Кејт и Рендал почнуваат медиумска кампања да ги убедат луѓето да погледнат нагоре и да ја видат опасноста што им се заканува.

Don’t Look Up премиерата ќе ја има на 10 декември, а ќе се прикажува во ограничен број кина. Две недели подоцна ќе биде достапен и на „Нетфликс“.

Scroll to Top