Светскиот магазин „Тајм“ ги претстави 100-те највлијателни луѓе за 2020 година. По тој повод, луѓето од магазинот дизајнираа осум насловни страници.
На нив се најдоа претседателката на Тајван Таи Инг-вен, покренувачите на движењето „Црните животи се важни“ Патрис Колорс, Опал Томети и Алисија Гарза, потоа имунилогот Ентони Фаучи, бизнисменот Сундар Пичаи, медицинската сестра Ејми О’саливен, брачната двојка актерата Габриела Јунион и кошаркарот Двејн Вејд и музичарите од групата The Weekend i Megan d Stalion.
На листата на сто највлијателни луѓе меѓу остантите се најдоа и музичарите Селена Гомез, Јојо Сива и Холси, кошаркарите Двејн Вејд и Јанис Андетокумбо и политичарите Нејтан Лоу, Ангела Меркел и Џо Бајден.
На веб-страницата на „Тајм“ можат да се прочитаат и текстови за сите луѓе кои се прогласени за највлијателни. Интересно е дека текстовите не ги пишувале нивните новинари, туку гости.
Леонардо ди Каприо пишувал за активистката за „Амазон“, Немонте Ненквимо. Камила Кабело за О. Џ. Балвин, Мери Џеј Блајџ за Џенифер Хадсон, Тејлор Свифт за Фиби Волер Бриџ, а Ким Кардашијан за Јојо Сиви.
Ваквата листа за првпат е претставена во живо во телевизиски пренос.