(Видео) Мајка го носи на грб својот 59-годишен син кој боледува од церебрална парализа

Олга Бошковиќ (77) од Србија е принудена секој ден да го носи на грб нејзиниот 59-годишен син Предраг Бошковиќ, кој боледува од церебрална парализа. Предраг вели дека за него таа претставува храброст.

„Целиот живот ми го подари мене“, вели Предраг.

Кога бил мал, Олга го носела во училиште, а денеска и покрај тоа што има 77 години, секој ден го носи на грб до работилницата за преработка на дрво. Со овој занает двајцата се занимаваат повеќе од триесет години.

„Предраг може и знае да работи со дрво. Занаетот го има научено од стар столар, но има и некој талент во него“, вели Олга.

Двајцата живеат во стара истрошена куќа. Предраг живее опкружен со работи кои самиот ги има направено. Сите техники му се познати. Од гравура до декупаж. Секој предмет од неговата работилница е нов подвиг за него, вели Олга.

 

Scroll to Top