(Видео) Макрон изгуби облог и им дозволи на познати јутјубери да прават журка во Елисејската палата

Францускиот претседател Емануел Макрон изгуби облог, па им дозволи на двајца познати јутјубери да направат хеви-метал забава во градината на Елисејската палата во Париз.

Макрон во февруари вети дека во Елисејската палата ќе им биде домаќин на Мекфлај и Карлито, двајца француски јутјубери, кои имаат по 6,5 милиони следбеници, ако успеат да соберат над 10 милиони прегледи на видеото во кое се промовира социјалната дистанца за време на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Мекфлај и Карлито го добија облогот и им беше дозволено да снимаат видео од 36 минути, а тоа за два дена има над 10 милиони прегледи.

Во претходните месеци, рејтингот на Макрон порасна за 8 поени кај личностите помеѓу 18 и 24 години, а аналитичарите сметаат дека причината за тоа се и овие јутјуб видеа и облогот со Мекфлај и Карлито.

Scroll to Top