(Видео) Масовни нереди и убиства на протестите во САД

Неколку лица се убиени за време на протестите во САД, кои се случуваат во знак на сеќавање на смртта на Илајџа Меклејн, кого полицијата го уби минатата година.

Во еден случај, непознат возач со голема брзина почнал да вози во групата демонстранти кои протестирале на автопатот во Колорадо. Еден од демонстрантите извлекол пиштол и се обидел да го убие возачот. Во незгодата рането е едно лице, најверојатно од демонстрантите, пренесуваат медиумите.

На социјалните мрежи се шири и друго видео од овој настан, на кое може да се забележи дека и некој од автомобилот почнал да пука во демонстрантите, но засега полицијата го нема потврдено овој случај.

Во Тексас исто така регистиран е инцидент од протестите, во кој едно лице било застрелано, а подоцна и починало во болница.

Пукањето се случило околу 22:00 часот во саботата, за време на протестите во Остин, изјавила утрово пред новинарите, портпаролката на тамошната полиција Катрина Ратлиф.

Еден од сведоците изјавил дека човекот кој бил застрелан се обидел да разговара со лицето во автомобилот, откако претходно возачот тргнал кон масата демонстранти.

Во моментот кога му се доближил, возачот го застрелал и избегал од местото на настанот. Тарлиг потврдила дека жртвата според првичните сознанија, со себе имала пушка и додала дека осомничениот подоцна бил приведен и дека соработувал со полицијата.

Луѓето во Остин синоќа се собраа да протестираат во рамки на движењето „Црниот животи се важни“. Нереди има и во другите американски градови. Во Сиетл полицијата почнала да ги растерува демонстрантите, кои почнале да фрлаат кон нив со камења, шишиња и други предмети.

Локалната полиција објавила дека демонстрантите користеле и некаков вид на експлозиви, не прецизирајќи за што точно станува збор.


Scroll to Top