Заменик-директорката на Скопје ЗОО, Тина Мицковска, сподели видео од човек кој на ТикТок се фали како ги вознемирува магарињата во зоолошката. Тина не крие дека е разочарана од ваквата постапка и вели дека мажот треба да влезе во категоријата „Простак на годината“.
„Уште еден што сака да влезе во категоријата простак на годината, а богами ова е веќе и зоофилија. Ваквите снимки треба да нè едуцираат како не треба да се однесува еден возрасен човек. Ваквите однесувања може да ги сопреме само ако јавно вака ги направиме славни“, напиша Тина.
Не е првпат несовесни граѓани да ги вознемируваат животните, а потоа да објавуваат слики и видеа на социјалните мрежи и да се фалат со тоа. Пред неколку месеци девојка ја прескокна оградата кај мечките, а ги малтретираше и патките и објави видео, но брзо потоа јавно се извини.