Видеокамерите на Шар Планина забележале мајка со две мали мечиња додека се шетале низ густата шума или додека барале храна. Тие застанале точно пред камерата и ја овековечиле оваа несекојдневна ситуација.
Видеото набргу се прошири на социјалните мрежи и стана вирално.
Се случува мечките од Шар Планина да се сминат дури до Тетово во потрага по храна. Тие неколкупати биле забележани во тетовското село Доброште, каде што е и здружението „Шари Беар“, чија цел е да му помогнат на овој редок и заштитен дивеч да преживее на Шар Планина. Тоа е можеби единственото здружение што се грижи за нив. Неговите активисти секојдневно на посебни пунктови им носат храна на мечките како би им помогнале во исхраната и би ги спречиле да нападнат некое бачило или пчеларник.