Едно бебе од Саудиска Арабија имало многу среќа додека било во рацете на една, благо речено, злобна медицинска сестра.
Бебето е донесено во болница поради инфекција, а на снимката што го шокира целиот свет се гледа како сестрата ја стиска неговата глава со рацете додека сето тоа го снима нејзината колешка и се смее.
Родителите сосема случајно преку пријатели дознале дека снимката завршила на интернет и презеле мерки сестрите да бидат казнети. Тројца вработени во породилиштето во Таиф биле идентификувани и отпуштени, а одземена им била и работата за дозвола.
Таткото на бебето дал изјава за медиумите во која потврдил дека снимката му ја покажал пријател, како и тоа дека детето десет дена престојувало во болница поради инфекција. И додека некои корисници на социјалните мрежи констатирале дека ова е само една снимка и дека се надеваат оти вакви ужасни работи не можеле направат сестрите, другите биле поагресивни во коментарите.
„На сестрите треба да им се стискаат главите на ист ваков начин, само далеку посилно“, беше еден од коментарите.
„Отказ е блага казна за нив“, беше мислењето на друг корисник на „Јутјуб“.