Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, за време на една венчавка, која се одржувала на неговото одморалиште во Мар-а-Лаго, на Флорида, наместо здравица за младенците, тој одржа политички говор.
Трамп, како што пренесуваат светските медиуми, го искористил моментот да ги коментира актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, Кина и Иран.
Тој на венчавката, која се одржа изминатиот викенд, се осврна на ситуацијата на границата со Мексико и постави неколку прашања за претседателските избори во ноемви, кои тој ги изгуби, пренесува „Гардијан“.
„Добивам секакви ударни извештаи во кои се зборува за границата, за Кина, за Иран. Почнувам ли да ви недостигам веќе?“, прашал Трамп по што следувале овации од публиката. Видеото го објавила веб-страницата за забава ТМЗ.