(Видео) Мик Џегер сними песна со тапанарот на „Нирвана“

Музичката ѕвезда Мик Џегер сними песна со Дејвид Грол, некогашен тапанар на легендарната „Нирвана“. Песната Eazy Sleazy, што фронтменот на „Ролинг стоунс“ ја објави без претходна најава, предизвика позитивни реакции во јавноста.

„Ова е песна што ја напишав кога излегов од изолација, во време кога на сите ни требаше оптимизам. Благодарам на Дејвид што се вклучи на тапани, бас и гитара. Беше многу забавно да се работи со него“, рече легендарниот Џегер откако го промовираше спотот.

И Дејвид Грол не го крие дека е пресреќен од соработката.

„Тешко е да се опише со зборови што значеше за мене да ја снимам оваа песна со Сер Мик! Тоа е повеќе од остварување на сонот! Тогаш кога помислив дека работите не можат да бидат полуди, ова се случи. Верувам дека песната ќе ги одбележи претстојните летни месеци“, рече Грол.

Scroll to Top