(Видео) Милионерка се омажила за делфин

Милионерката Шерон Тендлер на 26-годишна возраст се омажила за делфинот Синди. Таа вели дека кога се запознале, тоа било љубов на прв поглед. Делфинот го запознала додека патувала во Израел. Станува збор за машки делфин, кому по грешка му дале женско, име пишува „Дејли стар“.

Тие се венчале во израелското пристаниште Еилат. На прашањето дали ќе се земат, Шерон одговорила со да, додека делфинот климал со главата нагоре надоле, па присутните на венчавката тоа го сметале како знак на согласност.

Била направена раскошна церемонија. Шерон била во бел фустан со розови цветови во косата.

„Тоа не е изопачена работа. Го сакам овој делфин. Тој е љубовта на мојот живот. Тоа не е лошо. Тоа го направив затоа што го сакам, но не на начин како што се сака човек. Тоа е само чиста љубов која ја имам кон животните“, изјавила Шерон за новинарите.

Scroll to Top