Еден Американец, Јутјубер, познат под името „FunkyFatHead“, како да го проголта земјата, кога на 24 август минатата година, успеа да отвори временски тунел, со слика од градот Седон во Аризона.
Неговите фанови на интернет се убедени дека тој минал низ црната дупка и преминал во друга димензија, затоа што на снимката никој не знае каде е и што се случува.
Тој во снимката тврди дека во минатото изучувал вакви феномени, и дека ако го намести звучникот на 525-528 херци, и го насочи во правец на запалената лампа, едноставно ќе отпатува во Седон.
„Ако не знаете каде е ова, ќе ви кажам. Тоа е градот Седон во Аризона, а се работи за добро познат вортекс феномен. Постојат неколку од нив, а вие сега ќе присуствувате на отворање на временски премин во мојата дневна соба“, изјавил „FunkyFatHead“.
Втор познат Јутјубер, „The Hidden Underbelly 2.0“, тврди дека ниту го видел ниту слушнал нешто за неговиот пријател од оваа снимка.
Дејвид Берман, професор по физика на Квин Мери Универзитетот во Лондон, изјавил за Дејли Стар дека е можно, да било каде на планетата се појави црна дупка, која всушност претставува мост меѓу различни места и времиња.
„Другата страна на тие мостови е можно да се наоѓа на многу далечни места, па дури и надвор од нашиот универзум. Проблемот е што никогаш не сме ја виделе внатрешноста на црните дупки. Науката, сепак, е полна со изненадувања и никој не би требало да ја отпише можноста да нашиот временски портал, еданш дозволи да преминеме на другата страна“, тврди Берман.