На социјалната мрежа „Тик ток“ беше објавено видео од едно момче, кое било насилно изнесено од автобус во Њујорк затоа што влегло без маска и им кашлало на другите патници.
Во автобусот настанала вистинска драма. Сите патници соодветно носеле маски и внимавале на здравјето на другите. Њујорк е едно од местата што беше најмногу погодено од коронавирусот, па опасноста од ширењето на заразата е нешто што ги исплашило другите патници.
Некои од нив се обиделе преку разговор да го убедат момчето да излезе од автобусот. Кога не успеале во тоа, еден од нив физички се обидел да се пресмета со момчето. Тој на сила го кренал од седиштето и го исфрлил од автобусот.
Кога снимката се појавила на социјалните мрежи, повеќето луѓе застанале на страната на оние што го исфрлиле несовесното момче од автобусот.
@king_meena1New Yorkers really don’t care wear your mask or get tf off ##wearmask ##newyork ##coronavirus ##nyc ##brooklyn ##bus♬ original sound – king_meena1