(Видео) Момче ја побара за сопруга својата девојка на натпреварот Вардар – Кил

Вчера, на полувремето од реванш-натпреварот меѓу „Вардар“ и „Кил“ во Скопје, Владимир ја побара за сопруга својата девојка Ирена. Додека седеа на трибините, тој клекна на колена и ѝ подари свршенички прстен, а Ирена не можеше да ги скрие изненадувањето и возбудата.

Видеото од романтичниот гест пред шестилјадната публика во салата „Јане Сандански“ беше објавено на фан-страницата на РК „Вардар“.

Scroll to Top