(Видео) Муслиманско момче стана православец

Сулејман Муратовиќ од Косовска Митровица ги сменил името и верата. Тој од муслиман се покрстил во православец, а го зел името Душан Обреновиќ. Татко му ни сестрата не се побуниле. Само неговата мајка не била воодушевена.

„Татко ми е, да речеме, атеист. Тој не ми бранеше, ми рече: ‘Сине, ако одлучиш така, прави така’. И јас, со Божја помош (крштавање) на 8 мај 2016 година, на Марковден, се крстев во манастирот Бањаска, со отец Данил“, раскажал Душан за српските медиуми.

Тој го избрал презимето по династијата Обреновиќ, а името по царот Душан. Си избрал и слава, Св. Јован. Раскажува дека повеќето пријатели ја прифатиле неговата одлука, но дека има и сограѓани на кои не им се допаднало ова.

„Има некои кои се вознемируваат, некои од градот, некои муслимани-исмаилчани, им пречи што сум крстен. Постојат некои православни христијани на кои им пречи и ми дофрлаат разни работи по улица, но не ми е гајле. Бог е оној кој ќе им суди на сите, не ми е гајле за тоа. Не ги мразам“ вели Душан.

Scroll to Top