(Видео) Музичар направил гитара од скелетот на својот вујко

Музичарот кој се нарекува Принц Миднајт направил електрична гитара од скелетот на неговиот починат вујко. Тој вели дека тоа е нешто што би го сакал тој.

Принц вели дека неговиот вујко Филип го запознал со светот на метал-музиката. Во Грција, од каде потекнува неговото семејство, не гледаат благонаклоно на кремацијата, па Принц се одлучил на ваков чекор.

„Скелетот на мојот вујко беше донирал на еден локален факултет по медицина, за да можат студентите  да учат на него, а кога повеќе не им беше потребен, му го вратија на семејството“, вели Принц.

Scroll to Top