Џеф Бесер, пејач и басист на американската метал група Possessed, за првпат прооде по триесет години откако останал парализиран. Тој во 1989 година бил двапати погоден во вооружен грабеж, по што повеќе не можел да оди. Од тогаш фронтменот бил врзан за својата инвалидска количка.
View this post on Instagram
Бесер го објавил видеото во кое ги прави првите чекори по несреќата, со помош на роботски нозе. Снимката е објавена на 18 септември на страната на бендот на Инстаграм.
„Повторно проодев. Повторно одам за првпат по повеќе од 30 години со помош на роботска нога“, напишал Бесер, а другите членови од бендот му коментирале и му ја дале целата поддршка која му била потребна.