(Видео) На Арктикот пронајден мамут стар 10.000 години

Во сибирскиот дел од Арктикот руски научници пронашле одлично сочувани остатоци од праисториско животно старо барем 10 илјади години. Тие внимателно го собрале скелетот на животното, откако локални жители пријавиле дека пронашле огромни коски во плитките води на едно езеро во северниот дел на Сибир.

Се работи за возрасен влакнест мамут, праисториско животно кое живеело за време на плеистоценот и изумрело на почетокот од холоценот, односно околу 9 600 година п.н.е.

Scroll to Top