(Видео) На француските брегови, пронајдени 1100 мртви делфини

By

На француските брегов од јануари оваа година, пронајдени се рекордни 1100 мртви делфини. Експертите велат дека животните веројатно се жртви на индустриското риболовство.

Она што изненадува кај француските истражувачи, е самата бруталност и начинот на кој биле убиени овие цицачи. Телата им биле ужасно осакатени, а им биле отсечени и самите перја.

Групите за заштита на животните упатила апел до Француското министерство за екологија да покрене национален план со цел да ги заштити овие цицачи.

„Никогаш досега се нема случено да има волкав број на мртви делфини“, изјавил Вили Даубин, член на Националниот центар за научни истражувања на Универзитетот Ла Рошел, додавајќи дека веќе втор месец по ред е надминат минатогодишниот рекод кој бил поголем од оној во 2017 година.

Во 2017 година биле забележани најмногу мртви делфини во однос на последните 40 години. Активистите за заштита на животните наведуваат дека вообичаена била праксата, рибарите ги одвојуваат деловите од телата на мртвите делфини, откако ќе бидат уловени во мрежата, за да ја спасат самата рибарска мрежа.

Францускиот министер за заштита на животни го посетил местото каде биле откриени делфините и предложил одредени мерки со кои би се намалил бројот на убиени делфини од страна на човекот.

Тој изнел план за поддршка на звучни уреди поставени на бродовите, кои придонесуваат за одбивање на делфините од местата каде најмногу се ловени во Атланскиот океан. Кога ќе се активираат овие уреди, испраќаат непријатни звучни сигнали, кои делфините ги слушаат, а потоа се оддалечуваат од ибарските бродови.
Групата за заштита на животните, смета дека делфините не се оддалечуваат доволно далеку од бродовите и веќе ја окарактеризирала ваквата мерка како бескорисна. Тие тврдат дека многу рибари кои го контролираат регионот, не ги активираат направите поради страв дека ќе ги уплашат и драгоцените риби кои ги ловат.

Оваа организација смета дека агресивниот риболов, кои добил зелено светло пред три години, по долг период забрана, е главниот фактор за убивањето на делфините. Зголемениот број на смртни случаи исто така почнал пред три години. Тие ја објаснуваат оваа еколошка криза како последица на незапамтената барачка на евтина риба.

Според податоците на Европската комисија, во изминатите 50 години глобалната потрошувачка на морски плодови е двојно зголемена, а таквата стапка, групата за заштита на права на животните ја прогласиле за неодржлива.

 

 

Ќе ви се допадне