На Инстаграм страницата „Легенди на деведесетите“, се појави нова ѕвезда која доаѓа од Македонија. Во прашање е таканаречениот шарен командант кој многумина го нарекуваат „македонскиот Легија“.
Бил на чело на единиците за брзи интервенции „Лавови“, кои се борел против албанските терористи.
Мајор Горан Гергиевски Мујо бил во пријателски односи со Милорад Улемек Легија, командантот на единицата за специјални операции. Покрај работата во полицијата, слични биле и по тоа што во минатото и двајцата биле жестоки момци од жешкиот асфалт.