На социјалните мрежи неодамна се појави снимка од едно од гробиштата за домашни миленици во Калифорнија, каде почиваат 60.000 животни.
„Луѓето често мислат дека гробиштата не можат да бидат среќни места, но овде има повеќе луѓе отколку што може да се види на некои човечки гробишта“, вели Елен Њут, од одборот за управници на гробиштата за домашни миленици во Калабасас, во Лос Анџелес.
За ова место се грижат сите членови на заедницата, а отворено е уште од далечната 1928 година.
На ова место почиваат свињи, лавови, коњи, кучиња… Овде се погребани и кучиња кои учествувале во спасувачки операции на 11 септевмри.
Елен овде ги обиколува и гробиштата на дури четири свои домашни миленици, Спуки, Алфи, Коди и Кики.
Таа смета дека љубовта кон животните е универзален фенмен. Секој има потреба да го жали својот домашен миленик и тука секое животно се третира еднакво.
Погледнете го видеото: