(Видео) Најбогатиот човек на светот живее во палата од 195 милиони долари

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, живее на имот вреден 195 милиони долари. Тој имотот го купил неодамна од поранешниот сопственик на филмското студио „Ворнер Брадрс“. Куќата се наоѓа во Лос Анџелес, во луксузниот кварт Бел Ер, а има поглед на градот и на
Пацифичкиот Океан.

Куќата направена во француски стил од 18 век има шест спални соби и 13 тоалети, терен за голф, тајни тунели, базен и куќа крај базенот, гостинска куќа со 5 спални соби, вински подрум, тениско игралиште, француска градина, гаража за 40 автомобили.. Гледајте го видеото.

Scroll to Top