(Видео) Најдебелото дете во светот ослабе 106 килограми

Најдебелото момче на светот, 13-годишниот Арја Пермана од Индонезија, ослабе 106 килограми, пишува „Дејли меил“. Тој на 11 години тежеше 192 килограми. Сега момчето нема проблем со килограмите, туку со вишокот кожа која ќе му биде хируршки отстранета.

Поради дебелината, Арја во минатото имаше проблеми со дишењето и движењето. Тој јадеше брза, пржена храна и пиеше газирани сокови. За да му го спасат животот, лекарите му вградија желудочен бајпас, го ставија на строга диета, па денес тој најчесто јаде риба и зеленчук.

Арја, кој сега има 86 килограми, вели дека никогаш претходно не бил толку среќен.

„Сега можам да играм фудбал, да се дружам со другарчињата, да си играм и да се капам во реката. Претходно ништо не можев да правам“, рекол Арја.

Scroll to Top