(ВИДЕО) Најголемата беда на светот е сконцентрирана на ова место – Преполн е со криминалци и важат други правила

Наречена симболично Давидова кула, овој облакодер има 45 катови, и претставува своевиден споменик на пропаста на банковниот систем во оваа држава.

Венецуела, а со самото тоа и главниот град Каракас, се познати по големите социјални разлики и борби, но по тоа што тука живеат многу убави луѓе кои трошат илјадници долари на пластични перации, додека владата се бори да ја нахрани популацијата која неконтролирано расте во својата сиромаштија.

Токму во тој насиромашен дел на градот се наоѓа и најголемиот на свет облакодер, кој со време стана вистинска сиромашна населба, односно таканаречен „слам“.

Наречен симболично по Давидовата кула, овој облакодер, има 45 катови и претставува своевиден споменик на пропаста на банковниот систем во оваа држава, бидејќи треба да биде финансиски центар и гордост на Каракас.

Од кога е прекината изградбата на солитерот, пред приближно 20 години, по повлекувањето на бројните банкарски фирми, од оваа земја, таа станала полудовршена и се претвори во она што единствено може да се опише како „највисоката зграда на светот“.

Во градот во кој потребни се дополнителни два милиони станови за сиромашните, во 2007 година, овој слој на граѓани во Каракас, кој бил и најброен, го завземал облакодерот, кој тогаш бил во изгрдба.

Како течеле години, овде се доселувале семејства кои се множеле и растеле, така набрзо Давидовата кула станала држава во држава, со свој сопствени правила, дејности, своја хиреархија и влада, каде точно се знаеле кој правила каде важат, а секако никаде вредност немаат правилата на државата Венецуела.

Додека некои овој објект го нарекуваат дом, за многумина ова е „гнездо на лопови“. Тие кои живеат во неа велат дека таа е далеку посигурна од улиците од Каракас од каде побегнале.

„Има многу повеќе ред овде, и помалку криминал отколку на улиците“, вели Таис Руиз (36), еден од жителите на 27 кат.

Како и многумина кои живеат овде, Руиз не ја напуштила својата „колиба“, каде што живеела на истокот на Каракас во 2010 година, и се преселина во четрисобен апартман, каде живее со мажот и петте деца. Семејството прво живеело во шатор, во просторија која инаку требало да биде луксузна канцеларија. Со време го собрале стариот намештај, циглите, па дури и опремата за скара, и создале нешто што сега го нарекуваат дом.

„Никогаш претходно не живеев во стан. Сека ни е удобно тука. Таму каде претходно живеев, мафијашките пресметки беа секојдневица. Еднаш пронајдов леш на прагот. Погледнете не сега“, вели Руиз.

Ова е една од ретките згради која е „запоседната“ мирно, без нација и улична војна, која ја водеше околу некои други напуштени згради. Ходниците се исчистени, натписите со домашен ред и правилата на однесување се закачени насекаде, а секој прекршок строго се казнува.

 

Иако зградата е недовршена, првите 28 катови се сигурни за живот, иако беше потребно да станарите извршат некои дополнителни поправки и да изведат некои работи. Така, мораа да се вовеат струја и вода. Семејството плаќа околу 32 долари месечно за одржување на зградата, а тие пари делумно се трошат и на полициските патроли. Некои сепак тврдат дека некогаш не се најдобрите услови за живот.

Некои ќе погледнат на оваа зграда и ќе кажат „овде живеат протерани, криминалци, пропалици“. Други го нарекуваат ова место свој дом, иако е „убаво да имаш кров над главата во текот на ноќта, па каков и да било“:

 

 

Scroll to Top